Градоначалник Бакрачески: Продолжуваме со транспарентното, одговорното и отчетно работење

Презентирана печатената брошура, Отчет за дел од активностите и дел од реализираните проекти на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, во периодот април – декември 2013.

„Во брошурата се нотирани оние делови од функционирањето на локалната самоуправа кои се значајни за подобрување за инфраструктурните, организациските и јавните дејности во општината а, кои согласно законските обврски ги извршува локалната самоуправа. Продолжувајќи го транспарентното, одговорното и отчетното работење кое го практикуваме од првиот ден на мандатот, наша обврска е до граѓаните на Охрид , од кои го црпиме легитимитетот е да ги запознаеме со работата уи реализираните проекти во општина Охрид во периодот од преземањето на функцијата градоначалник на општина Охрид во месец април, заклучно со месец декември 2013 година. Ваквиот начин на презентација на активностите на општината е само еден сегмент од секојдневото информирање на граѓаните преку другите форми достапни до информации за работа на градоначалникот и општинските служби.“– истакна на денешната прес конференција, градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.

Брошурата ги содржи проектите кои се целосно реализирани или се во поодмината фаза на планирање и реализација во текот на 2013 година. Во неа не се евидентирани тековните работи на јавните општински претпријатија или пак секојдневните законски дефинирани управни работи на општината. Отчетот е отпечатен на 50-тина страни и содржи 72 наслови во кои се опфатени 100-тина активности. Овој отчет е испечатен во неколку илјади примероци тираж На прес средбата градоначалникот рече дека Отчетот ќе биде дистрибуиран до домовите на граѓаните на Охрид.

„Најголемиот дел од реализираните проекти и актиности наведени во брошурата се всушност дел од програмата која ни ја ветивме на граѓаните на Охрид во текот на изборната кампања и која со огромно мнозинство беше прифатена од граѓаните. Но, во неа се наогаат некои активности кои не беа нотирани во програмата, кои ние ги реализиравме како основна потреба за Охрид и граѓаните на Охрид. Брошурата е поделена во неколку поглавја во зависност од областа на активност на локалната самоуправа.Сите овие реализирани проекти и активности се поставени на законски основи, ги задоволуваат сите законски норми и процедури и претставуваат целосно финансиски и правно покриена активност.“– рече Бакрачески.

Градоначалникот додаде дека во брошурата се наведени информации за трансферираните финансиски средства за реализација на активностите, но и за отплата на 45 милиони денари за сервисирање на старите долгови кон повеќе доверители и уште толку кон јавните претпријатија како заостанат долг од минатото.

Ваквиот начин на информирање на граѓаните транспарентно, одговорно и отчетно општина Охрид ќе го практикува во контитуитет и во иднина.

OtcetGradonacalnikZa2013_03 OtcetGradonacalnikZa2013_01

WebOhrid