Со финансиска поддршка на Министерството за култура годинава ќе се изврши темелна реконструкција на киносалата во Делчево која функционира во состав на националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ …
Согласно проектот чија реализацијата ќе се одвива во неколку фази ќе биде извршена реконструкција и санација на објектот, како и комплетна реконструкција на покривната конструкција, на внатрешните простории на киносалата, а ќе биде обновена и фасадата.
Во рамките на проектот на Владата на РМ и Министерството за култура за набавка на нова дигитална за киносалите во повеќе градови во земјава, минатата година киното во Делчево доби и нов дигитален проектор, со што по подолг период се овозможи обновување на киноприкажувачката дејност во овој град.
Со реализацијата на проектот за реконструкција на објектот во кој е сместено киното, Делчево ќе добие нов современ простор кој освен за презентација на филмовите од богатата македонска и светска кинематографска продукција ке се користи и за други културни збиднувања.