СДСМ и ВМРО-НП донесоа одлука на евентуалните предвремени парламентарни избори да настапат самостојно

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и ВМРО-Народна партија донесоа одлука на евентуалните следни предвремени парламентарни избори да настапат самостојно.

„Станува збор за партии со различни програмски платформи, коишто се обраќаат на граѓани со различна идеолошка определба. Од тие причини заклучено е дека секоја од партиите, со поединечниот настап, ќе може подобро да се доближи до граѓаните на кои им се обраќаат, а исто така на тој начин и да ја добие вистинската доверба од своето гласачко тело. И понатаму останува заедничката цел на сите политички партии од опозицијата, а тоа е победа на следните избори и рушење на власта на Никола Груевски.“– се вели во заедничкто соопштение на СДСМ и ВМРО НП.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и ВМРО-Народна партија изразуваат задоволство од коректната и принципиелната соработка во изминатиот период.