Едногласно, со акламација, на вечерашниот 16-ти Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз, професор доктор Стево Пендаровски е избран за кандидат на СДСМ и на коалициските партнери, за Претседател на Република Македонија.
Вечерашната акламативна одлука на делегатите на СДСМ доаѓа по акламативната поддршка на Централниот одбор на СДСМ, којшто му предложи на Конгресот професор доктор Стево Пендаровски да биде кандидатот на СДСМ и на коалициските партнери за Претседател на престојните Претседателски избори 2014-та година.