Заедничка настава помеѓу учениците од „Христо Узунов“ и децата од детската градинка „Јасна Ристеска“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа заедничка настава помеѓу ученици од училиштето и дечиња од детската градинка „Јасна Ристеска“.

Посетата беше на иницијатива од директорите Тони Симоновски и Роза Костеска, а се со цел запознавање на децата од детската градинка со наставата и условите во училиштето и нивна психофизичка подготовка за поаѓање на училиште. Беше посетен часот по физичко образование и повеќе кабинети и училници во училиштето.