Утре, Петок (7 март), секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески ќе има приемен ден во административната зграда во село Косел за жителите кои гравитираат на тој простор од општина Охрид ( територијата на поранешната општина Косел). Сите оние кои се заинтересирани да остварат средба со секретарот Спасески треба претходно да закажат средба на телефонот 046/ 262 – 469. Ваквите средби со граѓаните во Косел ќе продолжат во континуитет, информираат од локалната самоуправа.