Притворен 62-годишен жител на Дебар поради силување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Силување“, полициската станица од Дебар против Ќ.И. (62) од Дебар поднесе поднесе кривична пријава. Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено-поправна установа во Скопје.

Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 21-ви до 28-ми минатиот месец  при што, и покрај покажаното спротивставување на обљуба присилил и извршил 14 годишно момче од Дебар. Тоа го сторил откако го забележал во близина на едно училиште во Дебар.

Во расветлувањето на ова казнено дело, покрај полициски службеници вклучени беа и стручни лица од Центарот за социјални работи по чија иницијатива, специјалист хирург извршил специјалистички преглед во општата болница во Дебар.

SiluvanjeDebar02