Наскоро во Центарот за култура јубилејна претстава по повод 18 години постоење „Солза и Смеа“

ВО НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид, во соработка со „Театар Солза и Смеа“- од Битола ќе се игра јубилејна претстава по повод 18 години постоење на „Солза и Смеа“ и славење полнолетство. „Златна бубашваба на популарноста 7“ е 7-ма по ред претстава од ваков вид, традиција на Солза и Смеа години наназад. Авторска претстава во вид на шоу или кабаре, со имитација на познати личности, настани, скечеви, музика и уште многу. Најпосетувани претстави на Солза и Смеа наназад низ годините, после 4 години пауза конечно и со нов, 7-ми дел. Специјални гости: Бојан Стојков и Катерина Петровска (поранешни членови на Солза и Смеа).

Јубилејната претстава ќе се игра на 14-ти март (петок) со почеток 20.00 часот.  Картите ќе се во продажба на денот на претставата, влезот чини 100 денари.