Македонија – Камерун на 26 мај во Куфштајн

Македонската А репрезентација на 26 мај во австриски Куфштајн ќе одигра контролен натпревар против Камерун. Натпреварот е дел од подготовките на македонската репрезентација за квалификацискиот циклус за Европското првенство 2016 според програмата на селекторот Бошко Ѓуровски.

Нашата најдобра селекција загуби од Камерун со 0-1 во пријателски натпревар, во Скопје, во 2011 година. Камерунската репрезентација е на 46 место на ранг листата на ФИФА. На Светското првенство во Бразил, Камерун е во група со Бразил, Хрватска и Мексико.