Во рамки на посетата на Охрид, претседателот Иванов го посети и Пештани каде оствари средба со локалното население.
Жителите ја поздравија посетата на македонскиот претседател, и го запознаа Претседателот со севкупните состојби во Пештани, како и со планираните проекти од страна на локалната самоуправа за дополнителен развој и напредок на ова туристичко место.
Во разговорите со претседателот Иванов граѓаните ги искажаа своите ставовите околу развојот на туризмот, и дадоа предлози за до-уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во овој реон.
Притоа укажаа на потребата за подобрување на патната инфраструктурата, при што беше изразено задоволство од планираната реконструкција и проширување на патниот правец Охрид-Пештани.
Извор: Нет Прес