Вo врска со прес конференцијата на ОО на СДСМ Охрид, на која обвинија дека локалната власт манипулира со охридската јавност за образованието, реагираа директорите на основните и средните училишта во Охрид.
„Како директор на најголемото основно училиште во Охрид, морам да проговорам во јавноста за некои невистини, искажани на прес-конференцијата на СДСМ Охрид. Како прво, во стварност е дека во ниту едно училиште во општина Охрид не е блокирана сметката. Вистина е дека некои училишта со примопредавањето на власт кога седнавме како директори, сметките им беа блокирани.“– истакна директорот на ОУ „Христо Узунов“,Тони Симоновски.
Симоновски рече не е точно дека сметките биле блокирани поради неисплаќање на отпремнините на пензионерите.
„Во ниту едно училиште не е заостаната неисплатена отпремнина на пензионерите, освен последните заминувања во февруари и март кое што исто така е процесуирано да се заврши за исплаќање на тие отпремнини.“– рече Симоновски.
Во врска со обинувањата на СДСМ дека имало голем број избркани наставници, Симоноски рече:
„Велат дека имало голем број на избркани наставници. Воопшто не е точно, бидејќи ние што сме во образованието, а секако и вие ги знаете правилата и законите, така да на секој до пет годишно работно искуство, договорот за работа му истекува на секој 31 август. Можеби имало промена на работно место на колеги, меѓутоа секоја чест на колегите со полна почит кон сите колеги кои што беа вработени, нововработените, тие се со една цел – да ја обавуваат воспитно-образовната дејност во нашите училишта. Би ги замолил во иднина, да не плукаат по новопримените колеги дека се нестручни и неискусни во својата професија.“– додаде Симоновски.