ОУТУ „Ванчо Питошески“ спроведе низа активности по повод Денот на пролетта

По повод 21 март – „Денот на еколошката акција на младите Р.М.“ и Денот на поезијата, ОУТУ „Ванчо Питошески“, организира низа активности за учениците и вработените: расчистување на дворот околу училиштето, уредување на училниците и кабинетите, засадување садници – рози, со што ја поддржа националната еколошка акција организирана од страна на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“, Локалната самоуправа и основните училишта во градот, читање ученички трудови на учениците од новинарската секција во училиштето на теми поврзани со екологијата, со што симболично беше  означен стартот на пролетта.

Покрај разубавувањето на училишниот двор, акцијата има и еколошко значење, бидејќи розите се познати по нивната карактеристика за извлекување на тешките метали од почвата. Сите овие активности имаа за цел поттикнување еколошка и естетска свест кај младите.

Согласно планираните активности зацртани во „Акциониот план за безбедни училишта“ во рамките на проектот „Безбедни училишта – хармонична средина“ – се организира турнир во мал фудбал меѓу учениците од средните училишта од Охрид. 

По завршувањерто на турнирот за сите учесници и присутни гости во дворот на училиштето се организира коктел-партија, на која беа презентирани готварски специјалитети изработени од вештите раце на учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“.