ОУТУ „Ванчо Питошески“ победник на турнирот меѓу средните училишта од Охрид

Согласно планираните активности зацртани во „Акциониот план за безбедни училишта“ во рамките на проектот „Безбедни училишта – хармонична средина“, денес се организира турнир во мал фудбал меѓу учениците од средните училишта од Охрид.

Училиштата од градот на турнирот учествуваа и со ученици како навивачки групи. Основната цел на турнирот е превенција од насилство на спортските натпревари. Целосната организација на турнирот беше во рацете на учениците членови тимот за безбедност во училиштето. Турнирот масовно беше посетен од ученици, родители, претставници од другите училишта, Локалната самоуправа, СВР-Охрид, ДПИ, БРО.

Првото место на турнирот го освоија учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“.