ЛДП: Методите на кратки спинови завршија

ОО на ЛДП Охрид со контрареакција на реакцијата од Општина Охрид, во која стои: 

„Методите на кратки спинови завршија. Треба да сте тотално неиформирани  за да не знаете  дека ЛДП не била учесник во поранешната власт, уште повеќе кога  нејзиниот советник во овој состав  гласаше за одлуката предложена од новата власт во локалната самоуправа,  односно за враќање на паркинзите на јавното претпријатие Билијанини извори, за да се има ваква контрареакција. Брилијантонста во глупавоста нема крај. За жал, ние нама да ставиме наводници.

Отука, не само што имаме кредибилитет да зборуваме туку поседуваме и огромна одговорност за општествениот интерес на заедницата. Залутаните контрареакции  зборуваат за немањето аргументи со кои би оговориле на добронамерниот предлог.

Или огдоворете зошто не ги прифаќате предлозите (со бројки како нас) или пак извинете се на граѓаните за  промена на ставовите на  мнозинството од  пред само неколку месеци.

Повторно, само за илустрација,  еден од поранешните  концесионер на паркинзите пријавил приход на годишно ниво кој што не само што го покрива овој систем туку овозможува непречено исплаќање на веќе петтата задоцнета плата во Ј.П Билјанини извори. Пред бројките и боговите молчат. Граѓаните знаат.“–  се вели во контрареакцијата на ОО на ЛДП Охрид.