Општина: Малкумина од ЛДП земете ги книгите по економија и право и конечно научете што е тоа јавно –приватно партнерство

Општина Охрид испрати контрареакција на ОО на ЛДП Охрид, во која стои:

„Малкумина  од ОО на ЛДП  за ваше добро, ви препорачуваме   да ги земете  книгите по економија и право и да го проучите  законот за јавни набавки  со цел да се стекнете  со основни познавања од областа на јавно -приватно партнерство и на тој начин конечно да  престанете   јавно да се бламирате  со празни, во најмала мера глупави  соопштенија.

Малкумина од ЛДП  ви порачуваме, најпрво да се  образувате   и   едуцирате  за  да не бидете   смешни   со  ниски испади пред возрасните но и пред  децата од пред школска возраст кои најверојатно повеќе од  вас  знаат што е тоа јавно приватно партнерство.

Наместо да се замајувате себеси  (затоа што другите не можете), со чаршиски муабети ви препорачуваме  во иднина да се служите со факти, вистини и аргументи  кои за жал за вас се се уште само апстрактни поими.

Со ваквите соопштенија,  вие  покажувате  дека сте  и слепи и глуви, односно не сте подготвени да прифатите   современо менаџирање  и работење на  јавните претпријатија. Жално за вас!

Во  вашите соопштенија  полесни и од детски приказни не верува никој. Охриѓани никогаш   нема да  потклекнат  на вакви импровизации!“– стои во контрареакцијата на Општина Охрид.