Арнаудов: ВМРО-ДПМНЕ се стреми кон намалување на невработеноста на ниво на 22 % во текот на следните 4 години

ВМРО ДПМНЕ е сериозна политичка партија. Партија на која одговорноста кон вредностите на општеството и се главни двигатели. Вака ја започна денешната прес конференција, кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Љубен Арнаудов. 

Арнаудов потецираше дека се она што било презентирано како визија во изминатите години ВМРО-ДПМНЕ успешно го имплементирало, ветеното станувало реалност, дадениот збор бил одговорност, одговорност и кон граѓаните и кон државата.

„Таквиот принцип на работа останува и денес, но продолжува и утре, Токму тука лежи успешноста на ВМРО ДПМНЕ, во посветеноста кон потребите на граѓаните и на зачувување на националните интереси на нашата држава. Како резултат од ваквиот принцип на работа на ВМРО ДПМНЕ, гордо можеме да застанеме и да ги прикажаме досегашните успеси во сите сегменти од нашето општество, опфаќајќи ги различните области од економија и финансии до земјоделство и образование, од администрација, до туризам, култура и спорт,здравство, до секој домен на делување на една модерна држава каква што денес ја гледаме денес Македонија.“ – рече Арнаудов.

Поради тоа, како што истакна Арнаудов на прес средбата се осврна кон ветувањето на намалување на невработеноста.

„Сегмент кој и тоа како е значаен за Република Македонија. Во 2013 година стапката на невработеност во Македонија е намалена на 28, 6 посто, што воедно преставува и историско најниско ниво во последниве 17 години но исто така значаен е и податокот дека Македонија е единствената земја во Европа која забележа намалување на невработеноста во услови на светска и европска криза. Во однос на процентот на невработеноста ВМРО-ДПМНЕ не застанува тука, туку напротив се стреми кон намалување на невработеноста на ниво од 22 посто во текот на следниот четиригодишен мандат. Тоа со други зборови значи дека во следните четири години во Република Македонија ќе се креираат најмалку 64 илјади нови работни места.“ – истакна Арнаудов.

Аранудов додаде дека друг значаен сегмент беше донесување на Закон за Минималната плата, со кој како што рече минималната плата е најнискиот месечен износ на основна плата, која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена со полно работно време и со исполнет нормиран учинок.

„Висината на минималната нето плата која изнесува 8050 денари укажуваме дека ќе се зголеми со износ од 10800 денари. Од друга страна ВМРО ДПМНЕ се залага за зголемување на платите и пензиите на граѓаните на Република Македонија. Секоја година по 5 посто достигнувајќи пораст над 20 проценти.“- рече Арнаудов.

На средбата беше посочено дека во здравството еден од најзначајните проекти спроведени од ВМРО ДПМНЕ е проектот МОЈ ТЕРМИН.

„Проект кој масовно се користи од сите здравствени работници и во сите здравствени установи во Република Македонија. Во доменот на здравството покрај веќе многуте проекти со кои Македонија се здоби со ефикасно и ажурно здравство треба да се потенцираат и проектите  за целосна изградба или реконструкција на болници. Во Охрид треба да се имплементира проектот за целосна реконструкција на специјалната болница „св. Еразмо“. Низ многуте примери што се е спроведено и што треба да се спроведе, ВМРО ДПМНЕ укажува дека оди напред кон градење на една модерна држава. Граѓаните знаат да ги препознаат вистинските вредности, знаат да ги препознаат реализираните ветувања, знаат да ги препознаат реализираните проекти. ВМРО ДПМНЕ преку основните заложби за зачувување на националните интереси ја води Македонија кон прогрес и просперитет. Со што ВМРО ДПМНЕ преставува единствена политичка опција за сите граѓани на Република Македонија.“- заврши Арнаудов.

WebOhrid