Кривични пријави за двајца охриѓани поради пет казнени дела „Тешка кражба“

Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „Тешка кражба“, СВР Охрид против Р.Ф. (21) и Д.Т. (17) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава. 

Пријавените, во периодот од 25-ти март до 4-ти април оваа година извршиле серија тешки кражби насилно отворајќи автомат-кафемати на неколку локации во Охрид. Користејќи метален мајсторски подесен алат како и физичка сила, пријавените го кинеле држачот од катинарите, ги оштетувале бравите и ги отварале автомат-кафематите од каде ги одземале парите.

На тој начин, двајцата пријавени од кафематите кај Студенчишта, во централното градско подрачје, од градскиот пазар и од кафемат поставен на улицата „7 ноември“ се стекнале со противправна имотна корист од околу 10.000,оо денари. 

Во СВР Охрид, во присуство на родител извршен е разговор со пријавениот Д.Т. а потоа и со првопријавениот Р.Ф. по што извршен е претрес во нивните домови. Притоа пронајден е дел од алатот кој е користен при извршувањето на казнените дела.