Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следеше со 580 набљудувачи, кои покрија над 15 проценти од избирачките места на територијата на Р. Македонија, односно над 15 проценти од гласачките места во рамките на секоја општина.
Врз основа на податоците добиени од ПВТ програмата за паралелно пребројување на гласовите одѕивот на гласачките места бил 49,64%. Процентот на неважечки ливчиња е 2,78%. За гласовите за кандидатите за претседател добиени се следните резултати:
1. Ѓорге Иванов – 53,14%
2. Илјаз Халими – 4,5%
3. Стево Пендаровски – 38,78%
4. Зоран Поповски – 3,58%
Добиените податоци се со 95% сигурност и со маргина на грешка од +/-1%.
Проектот “Домашно набљудување на Претседателските и предвремените парламентарни избори 2014” е реализиран од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ и е поддржан од страна на Амбасадата на Кралството Холандија, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Швајцарската агенција за меѓународен развој и Амбасадата на Кралството Норвешка од Белград, Србија.