Донев: СДСМ и нивните кандидати за пратеници покажаа и докажаа дека нивната политика во Охрид е погубна

Козинстентноста во делувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон она што значи просперитет, напредок, домаќинско работење е јасно и препознатливо. Тоа народот го согледува и на државно и на локално ниво. Тоа е факт. Вака ја започна денешната прес конференција претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев.

„Од друга страна во неколку наврати укажувавме и понатаму ќе ја информираме јавноста за начинот на работа на СДСМ, на нивните веќе видени функционери кои сакаат да се амнестираат од нивното политичкo минато и денес да ни се престават како нови лица на охридската односно македонската политика. Томислав Тунтев ја извршувал една од највисоките функции за време на владеењето на СДСМ со градот Охрид, бил заменикградоначалник четири години, координатор на советничка група за време на т.н мрачен период на Охрид, кога впрочем Охрид ги доби своите најголеми долгови. Во неговото време само во едно од претпријатијата односно претпријатието НИСКОГРАДБА е остварена следнава финансиска конструкција односно долг на претпријатието:

2010 год.(од 01,07,2010 до 31,12,2010 )

-репрезентација :    646.408

-мобилни тел.      :    329.130

-гориво                : 1.443.767

-вк.т-ци за службен пат и патарини во земјата и странство :238.455

-реклама              : /

-вкупен долг до крајот на 2010 г. : 33.090.512

 2011 година

-репрезентација   :1.443.497

-мобилни тел.        :   636.892

-гориво                  : 2.390.858

-вк. т-ци за службени патувања и патарини во земјата и странство : 351.692

-реклама              :    426.820

-вкупен долг до крајот на 2011 г. : 59.560.389

 2012 година

-репрезентација    : 1.050.028

-мобилни тел .        :     441.448

-гориво                    : 1.842.178

-вк.т-ци за службен пат и патарини во земјата и странство :  176.890

-реклама                :     252.744

-вкупен долг до крајот на 2012 г.  : 68.682.146

 2013 година (од 01,01,2013 до 30,04,2013)

-репрезентација      : 364.324

-мобилни тел.           :   76.063

-гориво                     : 550.296

-вк.т-ци за служб.пат и патарини во земјата и странство :  33.330

-реклама                 :  288.637

-вкупен долг до крајот 30,04,2013 г. заедно со трошоци за извршители : 71.777.144 “– рече Донев.

После ваков принцип на овозможување на ова претпријатие рече Донев, за таложење на долговите кои сега треба да ги плаќаат Охриѓани, од ВМРО ДПМНЕ се прашуваат каква ли ќе биде политиката на Томислав Тунтев и СДСМ кон државата.

„Каква ли ќе биде заложбата на СДСМ и Томислав Тунтев кога како заменик градоначалник овозможил или барем во најмала рака не го спречил претпријатието од финансиски колапс. Кога наместо потрошени средства за огромни репрезентации на претпријатието можеле да се асфалтираат улици, да се задоволат инфраструктурните потреби на граѓаните. СДСМ и нивните кандидати за пратеници  покажаа и докажаа дека нивната политика во Охрид е погубна. Во пресрет на престојните претседателски и парламентарни избори сигурни сме дека Охриѓани ќе ја одберат страната на домаќинското работење, страната на ВМРО ДПМНЕ.“ – заврши Донев.

WebOhrid