Денеска, кандидатот за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски на покана на Универзитетот „ААБ“ од Приштина одржа предавање на тема „Надворешната политика на Република Македонија и односите со соседните земји”. По предавањето, Пендаровски одговараше на прашањата од студентите и останатите присутни.
За време на посетата на Приштина, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски оствари кратка средба со косовскиот премиер Хашим Тачи.
На средбата тие разговараа за односите помеѓу Македонија и Косово како и за прашања кои се во интерес на регионот вклучително и евро – интеграцискиот процес на двете земји.