Николоски: Во недела да победи демократијата, да победи Охрид, да победи Македонија

Со Вториот круг на претседателските избори како и парламентарните избори се заокружува изборниот процес во Република Македонија, затоа би сакал од името на кандидатите за пратеници, носителот на листа во изборна единица г. Антонио Милошоски, од целиот ОИШ Охрид, да ги повикам граѓаните во што помасовен број да излезат на гласање во недела 27 април и својот глас да го дадат за кандидатите кои доаѓаат од ВМРО ДПМНЕ, да гласаат за број 5 Антонио Милошоски носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ и број 1  проф. д-р Ѓорѓе Иванов за претседател, истакна на денешната прес конференција кандидатот за пратеник во 5-тата ИЕ, Александар Николовски.

„Разликата е јасна и евидентна од една страна ВМРО ДПМНЕ нуди јасен концепт Програма од 2046 проекти наречена Проверено и направена пред се од потребите на граѓаните а од друга страна гледаме дека СДСМ се користи само со празни зборови и лажни ветувања.“– рече Николоски.

На прес средбата Николоски посочи и предупреди  дека во Недела на 27 април од страна на СДСМ можни биле црни сценарија со кои би се нарушил изборниот процес, како што кажа тој, со што намерата би била изборите да бидат прогласени за невалидни.

„СДСМ соочени со фактот за нивниот пораз на престојните претседателски и парламентарни избори би можело да наведат на одредени црни сценарија од типот: снемување на фломастери за обележување, насилно туркање на избирачки кутии, фотокопирани избирачки ливчиња, лажни идентификаии и сл. Исто така целта на ДУИ е да не успеат претседателските избори и ВМРО-ДПМНЕ да нема 63 пратеници за Македонија да биде уценета.“- додаде Николоски.

Николоски ги повикува граѓаните да не наседнуваат на вакви сценарија и својата поддршка да ја манифестираат преку големата излезност и пред се големата поддршка која ќе ја дадат за ВМРО ДПМНЕ со заокрожување на бројот 1 за кандидатот за претседател од страна на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов како и за кандидатите за пратеници од изборна единица пет со заокрожување на бројот 5 и Антонио Милошоски.

„Во недела да победи демократијата, да победи Охрид, да победи Македонија.“– заврши Николоски.

WebOhrid