Утре ќе се подигнува зелен отпад од УЗ. „Гоце Делчев“ (Бараки)

 Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре, 26-ти април (сабота), ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од УЗ. „Гоце Делчев“ (Бараки).

 Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

 Оваа акција е последна акција со која ќе се подигнува зелен отпад во пролетниов период, а следните акции за зелен отпад, согласно годишниот календар, се испланирани во есенскиот период. Во саботите од месеците мај и јуни/2014 година ќе се подигнува кабаст отпад, а со овие акции ќе бидат опфатени сите реони на територијата на општина Охрид.