Дел од раководството на СДСМ во отсечено струшко: Ваква власт да не се повтори

Дел од раководството на СДСМ денес ги посети отсечените села во струшко.

„Погрешните политики на власта секојдневно го земаат својот данок.

Трошењето на буџетските средства во непродуктивни цели, како што се барокни фасади на МЕПСО, наместо во капитални проекти, како што е електро-енергетскиот систем, скапо чинеше илјадници наши сограѓани кои повеќе дена и тоа за време на новогодишните празници, на температура под нулата, останаа дома, без струја, без вода, во завеани и непроодни патишта.

И додека власта на Никола Груевски ја префрлаше одговорноста и формираше Кризен Штаб, затоа што среде зима снегот ги изненадил, нашите активисти беа неуморно насочени кон граѓаните и им ја понудија нашата помош.

Денеска повторно е овде дел од раководството на СДСМ, заедно со пратениците.

Се наоѓаме во охридско-струшкиот регион, каде што оваа ситуација беше и сеуште е најкритична да се видиме со граѓаните од Лабуништа, Вевчани и другите помали места да ја дадеме нашата подршка, да поразговараме со нив и да помогнеме `се што е во наша моќ.

Апелираме до власта во наредниот период многу поажурно и поефикасно да ја врши својата работа, а на граѓаните им посакуваме никогаш повеќе да не се повтори ваква новогодишна ситуација, односно да не се повтори ваква власт на којашто спомениците, фасадите и панормаските тркала во Скопје и се поважни од граѓаните на Република Македонија.“- изјави Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.