Познат списокот на женската сениорска кошаркарска репрезентација

Женската Сениорска Репрезентација на Македонија во текот на јуни 2014 година ќе настапи на квалификациите за Европското Првенство што во 2015 година ќе се игра во Унгарија и Романија. Селекторот Горан Јовановиќ го одреди списокот од 24 кошаркарки на кои ќе смета за време на целиот квалификациски циклус. Првиот собир ќе се одржи во Скопје на 30 април.

Подготовките почнуваат на 30 април во салата „Градски Парк“, а првиот собир е закажан за 16:30 часот. Според планот на подготовки, во Скопје ќе се работи два пати дневно, генерално на физичка подготовка до 16 мај, кога репрезентацијата ќе замине за Словенија, поточно Крањска Гора, каде во врвни услови ќе работи до 23 мај. Во тој период, поточно на 20 и 21 мај, нашите репрезентативки ќе одиграат две пријателски средби со Португалија.

По враќањето од Крањска Гора, кошаркарките се селат во Кавадарци, каде ќе биде и базата на репрезентацијата за време на квалификацискиот циклус. Една седмица ќе се продолжи со редовни тренинзи, по што следуваат уште две пријателски средби, закажани за 30 и 31 мај во салата „Јасмин“, кога противник ќе биде селекцијата на Романија.

Подоговките на 2 јуни продолжуваат со своја последна фаза, која ќе се одвива во Самоков, Бугарија. Таму избраничките на Горан Јовановиќ ќе одиграат уште два пријателски натпревари со домашната репрезентација, кои ќе бидат и последни пред стартот на квалификациите.

Во квалификациите, Македонија се наоѓа во силна група со Литванија, Велика Британија и Белгија, а циклусот натпревари го почнува со мечот на гостински терен против Литванија на 8 јуни. Првиот натпревар на домашен терен, нашите кошаркарки ќе го одиграат на 11 јуни во 19:30 часот, кога во салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе ја пречекаат Велика Британија.

Список на кошаркарки за Квалификациите за женскиот Евробаскет 2015:

Ана Петровска

Јована Јоловиќ

Јелена Антиќ

Сања Раденковиќ

Ванеса Василевска

Андријана Лескароска

Едина Муса

Сандра Лазареска

Елена Раденковиќ

Криси Гивенс

Јасмина Вујадиновиќ

Нена Секуловска

Анжелика Митрашиновиќ

Ана Тантуровска

Нена Трајчевска

Драгана Јоловиќ

Ангела Давиткова

Ешли Парис

Александра Стојановска

Софија Лазаревска

Ивана Кметовска

Ива Крстевска

Марина Неделчева

Драгана Петковска