Учениците од ОУ „Живко Чинго“ се претставија во одлично светло во емисијата „Голем одмор“

Во средата на 23 април ,ученици од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, Охрид  настапија на училишната програма „Голем одмор“ на Македонската радио телевизија.

Вкупно 54 ученици со своите наставници – ментори го претставија своето училиште, својата работа и успеси, а воедно и селото Велгошти пред пошироката јавност во Република Македонија.

„На огромно задоволство на учениците,а воедно и на родителите и целокупниот колектив на училиштето, децата со своите изведби се прикажаа во одлично светло. Богатата програма и веселиот дух на учениците ја направи емисијата разиграна и весела. Настапот во живо пред камерите на МРТВ за учениците беше едно ново и големо искуство, кое се надеваме во иднина ќе биде достапно за сите наши ученици. Многубројните активности, проекти и настани што ги реализираме во нашето училиште заслужуваат да бидат прикажани пред пошироката јавност.“– велат од ОУ „Живко Чинго“.

Од училиштето велат дека поради успешното претставување, училиштето доби покана за повторно учество и понуда за посета на Велгошти од страна на екипата на МРТ.

Инаку, ОУ „Живко Чинго“ беше прво училиште од овој регион кое настапи на оваа популарна училишна емисија меѓу најмладите.

WebOhrid