Николоски: Сите оние што добија мандат на овие избори, да дојдат во Собранието најдоцна до 17 мај и заеднички да почнеме да работиме

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, односно кандидатите за пратеници Александар Николоски, д-р Сашо Василевски и д-р Љубен Арнаудов, денес одржаа прес-конференција на која што најпрво им се заблагодарија на медиумите за точноста, транспарентноста во информирањето.

„Денеска кога ги доживуваме историските мигови на една голема победа, двојна победа на победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „За подобра Македонија“, тоа се победа на претседателските избори со победа на проф. д-р Ѓорге Иванов кој во следниов период успешно ќе ја води нашата држава и голема победа за парламентарните избори, историска, со 61 пратеник, не ми останува ништо друго освен ова прекрасно чувство да го споделам со сите граѓани на Охрид и на Р.Македонија.“ – истакна Василевски.

PressDPMNE_Vasilevski

Кандидатот за пратеник Василевски им се заблагодари на граѓаните и уверува дека со нивната работа во парламентарниот дом исклучиво ќе бидат интересите на нашата држава, за Охрид.

„Дозволете денес да потенцирам дека сите овие наши проекти, заложби, ветувања, ставови, немаше да бидат пристапни до целокупната популација доколку не бевте вие – седмата сила, новинарството, медиумите и вашата поддршка како и присуство од ваша страна на нашите прес-конференции. Вашата соработка, вашата трпеливост обезбеди нашите размисли да допрат до граѓаните, да допринесат за појасно претставување на нашата програма и на одреден начин, нашите зборови да дојдат до сите граѓани, до секој дом на овој град. Ви ветуваме дека ќе бидеме транспарентни и дека ќе го одржиме зборот кој го дадовме дека ќе бидеме ваши претставници во парламентарниот дом.“ – рече Василевски.

На прес средбата, кандидатот за пратеник Љубен Арнаудов изрази благодарност до сите граѓани за дадената поддршка.

„Се покажа дека охриѓани се свесни, знаат да проценат што е добро и за нив и за државата и го дадоа својот глас на вистинското место, со надеж дека тој глас нема да е залудно потрошен, дека нашите претставници во Парламентот ќе се покажат достоинствено и ќе работаат во интерес на сите.“ – рече Арнаудов.

PressDPMNE_Arnaudov

Кандидатот за пратеник Александар Николоски истакна дека ова за него била најлесната кампања, затоа што имал најдобар тим, без притоа да потцени никого претходно.

„Да ги повикам сите оние што добија мандат на овие избори, да дојдат во Собранието најдоцна до 17 мај и заеднички да почнеме да работиме, заради тоа што граѓаните гласаа и за ВМРО и за СДСМ и за ДУИ и за ДПА, за РДК и за ГРОМ, и сите овие политички партии треба да имаат свои претставници во македонското Собрание и тоа ќе е од најголема корист и за Македонија и за граѓаните на Р.Македонија. Сите оние заложби кои ги имавме за градот ќе направиме максимум да бидат реализирани во следниот период, прв приоритет ни се најранливите категории, веднаш после формирањето на Владата, планираме да ги донесеме законите кои што се однесуваат на категоријата на граѓани кои што се со сопствени потреби пред се во делот на оние категории кои што примаат социјална помош, хендикепирани лица, младите, пензионерите, студентите, тоа ни е прва цел која што планираме да ја направиме пред одморите. Како што беше и до сега, ќе продолжиме и од сега, две карактеристики не красеа и мислам дека треба да останат. Прво е да направиме се што можеме да направиме за да се реализираат работите и второ да останеме чесни, мислам дека ова е најдобрата работа која се случува во политиката, ВМРО-ДПМНЕ има политичари кои што со години го претставуваат народот и кои што останаа чесни без ниедна афера зад себе.“ – истакна Николоски.

На крајот, пратениците му се заблагодарија на Центарот за комуникации при Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, на чело со портпаролот Никола Митровиќ.

WebOhrid