Екипата предводена од Ќатип Османи го победи составот предводен од Драган Бочевски во натпреварот меѓу селектирани фудбалери од домашниот фудбалски шампионат одигран во комлпексот „Куќа на фудбалот“. Даниел Аврамовски во 12 минута го постигна водечкиот погодок за составот на Османи, „црвениот тим“ на Бочевски израмни преку Музафер Ејупи во 22 минута. Во вториот дел, Горан Сиљановски му донесе предност на „белиот тим“ во 65 минута, израмни Тауљант Сулејманов во 76 минута, а конечниот резултат го постави Кире Маркоски во 82 минута за победа на „белите“ предводени од Османи.
Црвениот тим предводен од тренерот Драган Бочевски започна во слениот состав: Даниел Божиновки, Меџит Незири, Џелил Абдула, Христијан Драгарски, Дино Најдоски, Ристе Марковски, Александар Анастасов, Филип петров, Благоја Љамчевски, Тауљант Сулејманов, Музафер Ејупи. На почетокот од второто полувреме во игра влегоа Игор Алексовски, Егзон Бејтулаи, Куштрим Балажи, Филип Наумчевски, Марјан Радевски и Ештреф Дехари.
Белата екипа предводена од Драган Бочевски започна во состав: Марко Јовановски, Владица Брдаровски, Висар Муслиу, Ѓоко Зајков, Ардијан Цуцули, Дарко Велковски, Мухамед Хусеини, Лавдрим Скендери, Иван Митров, Даниел Аврамовски, Баже Илијоски. Од 46 минута играа Андреја Ефремов, Горан Сиљановски, Седат Бериша, Бесмир Бојку, Кире Маркоски, Марко Симоновски, и Љутфи Биљали.
Натпреварот меѓу играчите од домашниот шампионат беше организиран по иницијатива на селекторот на А репрезентацијата Бошко Ѓуровски кој исто така учествуваше во селектирањето на играчите кои го одиграа натпреварот.
„Задоволен сум од тоа што го прикажаа селектираните играчи на натпреварот. Има големи изгледи неколкумина од нив да се најдат во составот на најдобрата репрезентација за нашата тренинг база во Австрија во мај годинава. Младите играчи покажаа голема желба да се наметнат во репрезентацијата, а во овој момент тоа е најважно. Ваквиот тип натпревари се многу корисни и за нас да се увериме во квалитетите на играчите од домашниот шампионат и ќе инсистирам да станат дел од програмата и на клубовите. Тоа е од корист и за нив и за репрезентацијата,“ – изјави селекторот Ѓуровски.