Малолетник “џебџија“ за една недела “спечалил“ околу 55.000 денари

СВР-Скопје, ОИД – Отсек за џепни кражби, со кривична пријава до ОЈО-Скопје го предаде малолетното лице А.Ќ. (15) поради постоење основано сомнение дека во два наврати сторил кривично дело – “кражба“ предвидено и казниво согласно чл.235 од КЗ на РМ со што се стекнал со противправна имотна корист од 55 000 денари. Од страна на судија во претходна постапка, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, пријавениот двете кривични дела едното на 19 минатиот месец а другото на 24 минатиот месец, ги извршил на подрачје на општина Центар, на тој начин што искористувајќи го невниманието на оштетените со протнување на рака во првиот случај во џеб а во другиот во чанта, одзел 1000 американски долари, мобилен телефон и паричник во кој имало 2000 денари и лични документи на оштетениот.

Така, на 19.04. во ГТЦ поточно пред продавницата Бенетон искористувајќи го невниманието на оштетениот, со протнување на рака во неговата чанта му го извадил мобилниот телефон и паричникот во кој имало 2000 денари и лични документи, по што почнал да бега, но истиот е фатен од страна на обезбедувањето на ГТЦ и доведен во ПС од ОН каде што во присуство на неговиот старател извршен е разговор во кој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело. Со потврда за привремено одземени предмети од малолетникот се одземени мобилниот телефон и паричникот и со потврда тие се вратени на оштетениот, по што по презмените мерки е малолетникот е ослободен.

Но пријавениот и понатаму продолжува со вршење на кривични дела, така што на 24.04. повторно извршил кривично дело “кражба“ на плоштад Македонија каде што искористувајќи го невниманието на оштетениот, со протнување на рака во џебот одзел 1000 американски долари во разни апоени и се упатил во „Жена парк“ каде што парите ги поделил со братот и неговата другарка кои ги потрошиле за свои лични потреби. Наредниот ден, односно на 25.04. малолетникот е лишен од слобода и доведен во ПС од ОН, каде во присуство на неговиот старател во целост го појаснил начинот на извршувањето на кривичното дело. Од страна на оштетениот извршено е препознавање и истиот со сигурност го препознал пријавениот како сторител на кривичното дело.

Инаку малолетникот е познат сторител на кривични дела од областа на имотни деликти и против истиот во периодот 2013/14 година поднесени се вкупно седум кривични пријави, четири по член 235 од КЗ на РМ и три по чл.236 од КЗ на РМ.