СДСМ не го признава Ѓорге Иванов за Претседател на Република Македонија

СДСМ со соопштение до јавноста дека  не го признава Ѓорге Иванов за Претседател на Република Македонија. Во него се вели:

„Ѓорге Иванов е избран на функцијата претседател на Република Македонија, на криминални, нефер и недемократски избори. 

Од тие причини, СДСМ не го признава Ѓорге Иванов за претседател на Република Македонија.

Уверението што денеска го доби Иванов од член на ДИК, во отсуство на дел од членовите  во највисокото изборно тело и на претседателот на ДИК, е парче хартија, коешто притоа не ја одразува на волјата на сите граѓани на Република Македонија.“– стои во соопштението.