Делегација од ОУ „Светозар Марковиќ“- Лесковац го посети ОУ „Ванчо Николески“- Лескоец

Делегација на училиштето„Светозар Марковиќ“ од Лесковац (Србија) денес го посети  ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец. Тие остварија заедничка научно–стручна и рекреативна средба, а по повод прославата на патронатот на училиштето „Ванчо Николески“, прослава која  пак се совпаѓа и со Денот на Европа.

„По повод патрониот празник на ОУ „Ванчо Николески“ и оваа година година го славиме денот и ќе се потрудиме да биде на достоинствен начин, на малку повисоко ниво, затоа што на гости ни доѓаат членови од нашето збратимено училиште,Светозар Марковиќ од Лесковац.Чинот на збратимување се одигра на 12.12.2013 година на нивниот патронен празник. Имаше наши претставници на чинот на збратимување. Беше многу свечено и сега се трудиме ние тоа да го направиме традиционално, затоа тие се тука да ја продлабочиме нашата пријателска врска со збратимувањето.“ – истакна директорката на  ОУ „Ванчо Николески“ Жаклина Трипунова.

Овој настан е по повод 5о години на училиштето „Ванчо Николески“ чии што ученици се свечено облечени и заради тоа и заради доѓањето на гостите од Лесковац од збратименото училиште кое сепак се случи на инцијатива на членови на училиштето, поточно на членови на Синдикатот, додаде синдикалниот лидер проф.Димче Донески.

„Иницијатори беа двата синдикати од Охрид и Лесковац, се роди една таква пријателска врска и со една посета која ја имавме во Лесковац потпишавме меморандум-збратимување и навистина станавме токму така побратими. Се надевам дека ова ќе биде традиционално и во интерес не само на наставниците, туку многу повеќе на ученицитекои што исто така чекаат да се сретнат со ученици од Лесковац.“ – рече  Донески.

Инаку, утревечер  во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 19 часот по повод партониот празник на училиштето ќе одржи свечена прослава, односно свечена приредба на тема „Другарството не познава граници“. Двете училишта за овој патронат имаат подготвено  заеднички драмски проект кој се вика „Побратимување на граница“.

„Се надевам дека во блиска иднина ќе направиме заеднички проект,  каде што токму мешани ученици и од нашето училиште и од Лесковац ќе бидат во оваа драмска претстава.Овој проект ќе оди и во онаа програма„Градиме мостови“ за кое што училиштето ќе испрати своја апликација, а веќе е подкрепен и од ЕУ и од Амбасадата на Р:Србија. Се надевам дека со ваквите активности, ние од Лескоец и од Лесковац отпочнавме едно навистина европско збратимување.“ – додаде Донески.

Директорот на училиштето „Светозар Марковиќ“ од Лесковац, Србија рече дека ваквата соработка, ваквото пријателство со училиштето во Лескоец ќе трае уште многу години.

„Носам поздрави од училиштето „Светозар Марковиќ“ и сите ученици од Лесковац. Мило ни е што сме за прв пат овде и  се надеваме дека тоа ќе трае многу многу години, дека во иднина ќе имаме ученици кои ќе бидат дел од проектот „кој започнавме заедно да го работиме за унапредување на наставата и размена на искуства кои ќе можеме да ги споделиме и кај нас и кај вас и дека сето тоа ќе трае и дека сите генерации ќе бидат вклучени во тоа и дека Лесковац и Лескоец ќе бидат едно.“ – изјави за WebOhrid, Јовица Маријановиќ – директор на училиштето „Светозар Марковиќ“, Лесковац, Србија.

WebOhrid