Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2013 година изнесува 380735 илјади литри што е за 8,9% повеќе во однос на 2012 година.
Намалување на производството од 11.3% во 2013 година е забележано кај овчото млеко, додека кај производството на козјо млеко е забележано намалување за 3.1% во однос на претходната година.
Вкупното производство на месо е намалено за 9.8% при што производството на говедско месо е во пораст, а производството на овчо, свинско и живинско месо бележи пад.
Од другите добиточни производи, во 2013, во однос на 2012 година, забележано е намалено производство на јајца, а зголемено производство на мед.