Фудбалската Федерација на Македонија ќе ги донира сите приходи од претстојниот натпревар на репрезентациите до 21 година помеѓу Македонија и Португалија за погодените од катастрофалните поплави во Србија, БиХ и Хрватска.
Натпреварот ќе биде одигран на 23.05.2014 година на Националната Арена Филип Втори во Скопје со почеток во 18:00 часот, а билетите по симболична цена од 50 денари се веќе пуштени во продажба.
Од ФФМ истакнуваат дека со секој купен билет им даваме поддршка на луѓето на кои оваа природна катастрофа од корен им го смени животот! Уште еднаш да покажеме дека сме хумани!