Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во првото тримесечје од 2014 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2013 година година, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2013 година.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во првото тримесечје од 2014 година е понеповолна во однос на четвртото тримесечје од 2013 година, a очекувањата за економската состојба во наредниот период се на исто ниво како и во претходното тримесечје.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на првото тримесечје од 2014 година е намалена во однос на претходното тримесечје. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период, во однос на четвртото тримесечје од 2013 година, се дека ќе се зголемат, како и очекувањата за бројот на вработените.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во првото тримесечје од 2014 година забележале зголемување во однос на претходното тримесечје.
Во првото тримесечје од 2014 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограчувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2014 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 32.6%, зголеменатаконкуренција со 17.4%, зголемената понуда на пазарот со 14.9% и друго со 7.8%