Зголемен бројот на живородени деца

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2014 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 4.4% и изнесува 5 635 живородени деца. 

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2014 година бележи зголемување од 6.2% во споредба со истото тримесечје од 2013 година и изнесува 5 281 лице, а од нив 56 се умрени доенчиња. 

Природниот прираст изнесува 354 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица. 

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 10.2% во споредба со истиот период од 2013 година и изнесува 2 597 бракови. 

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број изнесува 576.