Пронајдено оружје кај две лица од Велешта

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга против В.Ш. (29) и Ф.Ш.(41) двајцата од струшкото село Велешта поднесе кривична пријава.

На 22-ри овој месец, при претрес во нивните домови пронајдени се вкупно 3355 парчиња куршуми од различен калибар, еден револвер марка „Амадео-Роси“,  без соодветна документација за поседување, еден сигнален пиштол марка „Екол-специјал“, шест сигнални ракети и неколку оквири за пиштол. 

Во акцијата реализирана во соработка со оделението за организиран криминал при Министерствот  за внатрешни работи во Скопје, полициските службеници, кај В.Ш.  пронајдоа еден револвер сокриен во плакар додека  во дрвена каса пронајдени се вкупно 256  куршуми. 

Во домот на Ф.Ш. на поткровјето од семејната куќа до оџакот, пронајдени се 2763 куршуми додека во табуретка на првиот спрат забележани се 397 куршуми калибар 9 милиметри. Дополнително, при претресот во детската соба пронајдени се сигналниот пиштол марка „Екол-специјал“, три куршуми за сигнален пиштол, шест сигнални ракети, два додатоци за пиштол и еден празен оквир за пиштол.

Оружјето и муницијата се одзедемени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

VelestaOruzje01 VelestaOruzje03