МЈП Проаква: Заштитете го водомерот од мрзнење!

Од МЈП „Проаква“ ги известуваат граѓаните за превенција од мрзнење на водомерите и водоводната инсталација. Од таму додаваат дека како последица на зимските температури постои можност за разни дефекти на водомерите предизвикани од мрзнење, затоа е потребно истите да се заштитат.

„Посебно ги известуваме сите наши корисници кои се сопственици на викенд куќи, а не живеат постојано во нив да ја испуштат водата од главниот шибер за да не замрзне водата со што би се спречило пукање на цевки и слични дефекти.

КАКО ДА ГО ЗАШТИТИТЕ ВОДОМЕРОТ ОД МРЗНЕЊЕ ?

– обвивање на водомерот со изолационен покров 

– покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол, стиропор)

НАПОМЕНА: Се известуваат корисниците дека за пукнато стакло на водомер се наплаќа 600,оо ден.“ – соопштуваат од МЈП „Проаква“.