Само Рајот може да има толку многу рајски птици

Пауните, често наречени рајски птици, претставуваат симбол на Св.Наум. Иако, според некои кажувања, пауните биле донесени на овој простор пред век и половина, тие изгледаат како отсекогаш да живееле овде, од самиот почеток, кога Бог го создал овој Рај.

Ги има насекаде: во парковите, на дрвјата, на кровот од манастирот, а често и пред самата порта од овој храм, што претставува вистинска атракција за посетителите на ова свето место.

WebOhrid