Во Центарот за култура ќе се прикажува филмот „Балкон со поглед на море“

НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид, Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија на 30 мај (петок) со почеток во 20.00 часот во кино-салата на Центарот за култура ќе го прикажат филмот „Балкон со поглед на море“, или оригинален наслов „Un balcon sur la mer“ на режисерката Никол Гарсија. Кино проекциите продолжуваат во деновите 31-ви мај (сабота) , 3-ти (вторник), 4-ти (среда) и 5-ти (четврток) јуни 2014 година. 

Имено, се работи за драма која критиката уште ја нарекува „трилер на чувства“ или „класична драма на начинот на Хичкок“, во која главните улоги ги толкуваат со оскаровецот Жан Дижарден, Мари-Жозе Кроз и Сандрин Киберлен.

Влезот ќе чини 50 денари.