За време на викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаби локални врнежи од дожд. Утре ќе дува умерен северен ветер. Во вторник попладне и во среда ќе бидеме под влијание на нов влажен бран.
Врнежите од дожд и во наредниот период ќе предизвикаат прекинување на пролетната сеидба, расадувањето на тутунот и на градинарските култури на отворено. Ваквите временски услови се одличен предуслов за појава, развој и ширење на болести и штетници, па им се препорачува на земјоделците да го искористат секој момент без врнежи, во времетраење од 3-4 часа, за успешно аплицирање на пестицидот и успешна заштита на културите.
Извор: Нет Прес