Во вторник ќе се одржи завршен концерт на детското балетско студио „Визави“

Во вторник, 10-ти јуни, во големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид, ќе се одржи завршен концерт на детското балетско студио „ВИЗАВИ“ со балетската претстава „Порака за мир“.

Гости ќе бидат распеано рибарче и распеани герданчиња. Кореографијата е на Јулија Милески, музика на Јовица Каралиевски, костимограф: Габриела Стојческа и костимограф-декоратор: ДООЕЛ “Е2А” Охрид.

Концертот на детското балетско студио „Визави“ е со почеток во 18.00 часот, а влезот ќе чини 50 денари.