Цените на индустриските производи пониски на годишно, повисоки на месечно ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.6% на месечно ниво, а се пониски за 0.2% на годишно ниво.

Во мај 2014, во споредба со април 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Капитални производи за 5.7%, групата Енергија за 1.2% и групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2%, додека во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка се на исто ниво.

Во мај 2014, во споредба со мај 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.7%.