ДЗС: Инпутот намален, аутпутот зголемен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во мај 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.2%, а кај аутпутот е намален за 0.4%.

Во мај 2014 година, во споредба со мај 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.7.

Во делот аутпут, во мај 2014 година, во споредба со мај 2013 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 99.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101.0.