Силно невреме го зафати Охрид

Невреме го зафати Охрид попладнево, проследено со врнежи од дожд помешани со град и засилен ветер грмежи. Олуците и шахтите не можеа да го прифатат огромното количество вода кое наврна за само неколку минути, при што беа поплавени голем дел од улиците низ Охрид.

Слично време ќе имаме и утре (четврток) и во петок, во попладневните часови.

Веќе, од сабота ќе имаме постабилно време, освен во западниот дел на Македонија каде не очекува локален дожд. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени.

WebOhrid