По поројниот дожд кој вчера го зафати Охрид, екипите на ЈП „Нискоградба“ се справуваа со атмосферските води, кои за момент поплавија повеќе улици низ целиот град. До доцна во ноќта, на улицата Никола Карев, екипите работеа на прочистување на запушената канализациона цевка.
Од канализацијата работниците извадија топка, влажни марамчиња, хигиенски влошки, со кои несовесни граѓани ја затнале канализацијата.
Како најголем проблем од ЈП „Нискоградба“, како што претходно објавивме, ги посочија влажните марамчиња кои голем број граѓани и покрај апелите упорно место во канта за комунален отпад, ги фрлаат во канализациониот систем.
WebOhrid