СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А.(24), К.Д.(18), двајцата од Охрид и Н.М.(37) с.Лешани-Дебарца, за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. Во периодот од 15.05. до 18.05.2014 година, С.А. со употреба на сила влегол во четири станови на ул. „Даме Груев“ и „Сирма Војвода“ во Охрид, од каде одзел златен накит и 4.750 денари со што се стекнал со противправна имотна корист од 120.000 денари, додека К.Д. и Н.М. за тоа време чувале стража пред зградите.