Во сабота 28-јуни 2014 година со почеток од 12 часот, пред охридските новинари, ќе се презентира новинарското творештво на охриѓанецот – новинар Томчо Алексоски. Петте години јубилеј, активно новинарство на Томчо Алексоски ќе се одбележат во кафулето Queen во Т.Ц. Амам. Томчо Алексоски моментално работи како новинар во ТВ Морис.
„Во телевизиските програми ни царуваат сапунски серии, а јас се гордеам што сум дел од една прекрасна редакција на ТВ Морис, која работи крајно професионално, почитувајќи ги повеќе од 20 години традиционалните вредности“. -вели Алексоски.