Градоначалникот Бакрачески во посета на Ерусалим и Тел Авив

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески од 27  до 30 јуни ќе престојува во работна посета на Израел, каде што  ќе има повеќе средби со официјални лица и бизнисмени. 

Посетата е со цел во Израел да се афирмира идејата за збратимување на Охрид и Ерусалим, при што градоначалникот Бакрачески ќе се сретне со градоначалникот на Ерусалим Нир Баркат.

Во Тел Авив предвидено е  Бакрачески да се сретне и со познати инвеститори пред се во туристичкиот сектор. Меѓу другите и  со бизнисменот Омри Шарон кој се интересира за инвестирање во фарми за добиток во Охрид, а ќе го посети и центарот Гион кој е главен центар за третман на отпадни води во  Ерусалим и е еден од најголемите и нај ефективните центри за третман на отпадна вода во светот. Таму  отпадната вода се претвора во чиста вода со висок квалитет.

Посетата на Ерусалим и Тел Авив е исклучително важна бидејќи прв пат градоначалник на Охрид ќе се сретне со градоначалник на Ерусалим, а големи перспективи отвораат и средбите кои Бакрачески ќе ги има со бизнис елитата во Израел – држава која е едно од нај организираните општества на светот, технолошки супериорно и со висок економски развој.