Заврши традиционалниот летен камп на СДММ

Членови од високото партиско раководство на СДСМ во Охрид разговараа со младите социјалдемократи, кои дадоа поддршка на Стратегијата за вонинституционално дејствување на опозицијата.

Се разгледуваат начините и формите за вклучување на младите во активностите на СДСМ и на опозицијата, што имаат конкретна цел, враќање на слободата и на демократијата во земјава.

„Денес е тешко слободно да се изразуваш и да дејствуваш. Но, одговорност и зрелост е да се бориш за сопствената татковина и нејзината иднина. Социјалдемократскиот сојуз е втемелувач на современата македонска држава и борбата за демократија ќе ја продолжиме во тој дух, како одговорна партија кон својата земја. Без демократија нема слобода, нема слободен избор. Затоа велиме, Стратегијата е за слободен избор“, рече генералниот секретар Оливер Спасовски.

Спасовски, на дебатата, со членовите на СДММ, ги презентираше идните политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија што се во насока на обезбедување услови за организирање и спроведување на слободни, фер и демократски избори во Република Македонија.

Деновие, младите социјалдемократи дебатираа со потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на тема „Младински активизам”. Потпретседателот Манчевски ги слушна нивните предлози за младинско дејствување и вклучување на младите луѓе во земјава, во борбата за демократија и подобар живот, што ќе бидат разгледани од страна на партиските органи.

„Младите масовно ја напуштаат Македонија, а СДСМ е должна да го спречи егзодусот што и се случува на оваа земја,“ посочи потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Вчера заврши традиционланиот летен камп на СДММ.  Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе продолжи во континуитет да ја промовира социјалдемократската идеја низ другарување, учење и споделување, за враќање на базичните темели на општеството, слободата, еднаквоста и демократијата.