Во тек е конкурсот што Општина Охрид го распиша за најдобар расказ по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. До денес на адресата на Општина Охрид со назнака „за конкурсот за расказ“пристигнале 17 раскази. Конкурсот е отворен и трае до 20 јули а сите заинтересирани трудовите треба да ги достават во печатена форма во три примероци со шифра на авторот без лични податоци.
Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.
Стручната жири-комисија резултатите од конкурсот ќе ги објави во дневниот печат најдоцна до 31 јули годинава.
Наградата за најдобар расказ изнесува 30.000 денари и на добитникот ќе му биде врачена на 13 август во рамките на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго “ што по традиција се одржува во родното село на овој истакнат македонски писател.