Методско-показна тактичка вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект“

Утре, 16-ти јули, во Радожда, Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски и Началникот наГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, ќе ги посетат припадниците на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, кои на овој локалитет изведуваат обука во летни услови.

Припадниците на ПСО утре ќе изведат методско-показна тактичка вежба ,,Неутрализирање на непријателски пловен објект“, а ќе бидат прикажани и повеќе содржини од обуката на вода како што се: обука во нуркање, совладување на водени пречки и спасување на давеник. Пред вежбата, пред гостите ќе биде презентирана нуркачката опрема и друг вид на опрема и вооружување за извршување на борбени дејства во вода. Се очекува припадниците на пСО кои вежбата ќе ја изведуваат заедно со припадниците на воздухопловната бригада, да демонстрираат висок степен на обученост и извежбаност за извршување на различни задачи  на вода.